ВИДЕО: Паметно светло за велосипеди за побезбедно возење

    laser light bike 3Со цел да се подобри урбаното возење велосипед паметниот уред Laserlight е креиран со цел да превенира судири и да спаси животи преку визуелно предупредување на пешаците и возачите на автомобили. Уредот се прикачува за дршките на велосипедот и проектира слика на велосипед на околу 6 метри пред велосипедот. Ваквото светло нема да дозволи да се повредат пешаците кои, на пример, се движат меѓу паркирани автомобили нема да го видат велосипедот што доаѓа.laser light bike

    Овие уреди наскоро ќе се тестираат во Њујорк, каде што 250 Laserlights ќе дебитираат на велосипедските патеки во рамките на програмата за споделување велосипеди City Bikes. Основачите на програмата се надеваат дека зелените проекции ќе ги убедат луѓето кои се грижат за својата безбедност да го испробаат City Bike.laser light bike 2

    Laserlight е креиран од британската компанија за додатоци за велосипеди и за прв пат беше лансиран во 2012 година кога за само пет дена ги собра бараните средства на Kickstarter.

    Погледнете како изгледа оваа проекција во пракса.

    (Curbed)

    SHARE